Делото за кое полицијата ги сомничи родителите е запуштање и малтретирање малолетно дете
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во текот на изминатата недела привеле пет лица кои питачеле со своите деца по крстосници и булевари во Скопје.
Петмина од приведените родители се од Скопје, а едно лице е од Охрид.
„Четири од лицата биле затекнати заедно со своите малолетни деца при питачење на крстосници и булевари на подрачјето на Скопје, со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот против нив ќе следат кривични пријави, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.201 од Кривичниот законик. Ф.С. била затекната при питачење на крстосница од булеварите ’Словенија‘ и ’Јадранска магистрала‘, поради што била приведена и против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок“
велат од МВР.
Делото пропишано во членот 201 од Кривичниот законик за кое полицијата ги сомничи родителите е запуштање и малтретирање малолетно дете.
Акцијата била спроведена во содејство со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Скопје.