Во полицискиот извештај се посочува дека во период од 2020 до септември 2021 година, Г.Ш. (51) од Тетово, во претходен договор со С.С. (59) и А.П. (67) од Тетово и К.Х. (50) од Гостивар го сториле делото така што го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација за паричен надомест во висина од 50 до 200 евра
Десет лица се уапсени, а против нив и против уште едно лице, кое во моментов е надвор од земјава, се поднесени кривични пријави поради сомнение за сторено кривично дело сексуална експлоатација и трговија со дете, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во полицискиот извештај се посочува дека во период од 2020 до септември 2021 година, Г.Ш. (51) во претходен договор со С.С. (59) и А.П. (67) и К.Х. (50) го сториле делото така што го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација за паричен надомест во висина од 50 до 200 евра.
Во соопштението на МВР не се наведува возраста на детето.
„Искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето, Г.Ш. (51) во претходен договор со С.С. (59), А.П. (67) и К.Х. (50), го сториле делото така што го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација и негово користење во сексуални активности или други форми на сексуална експлоатација со кривично пријавените Р.А. (69), И.З. (55), И.Е. (67), А.М. (50), Ќ.Ќ. (53) Ф.А. (63) и А.Ш. (51), за паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист“,
се вели во соопштението на МВР.
По наредба на судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје, на две локации на подрачјето на Тетово се извршени претреси во дом и други простории и лишени се од слобода осум лица, а на подрачјето на Гостивар се лишени од слобода се две лица. Едно лице, додаваат од МВР, се наоѓа надвор од земјава.
МВР информира дека до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) се поднесени кривични пријави против сите 11 лица инволвирани во случајот.