Поранешниот началник ќе биде суспендиран од работното место
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот началник на Одделот за воздухопловни единици, Н. А., од Куманово поради злоупотреба на службената положба и овластување.
Според соопштението од МВР, тој како поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици им овозможил на три лица вработени во МВР на работно место главни воздухопловни техничари да се стекнат со право на додаток на плата од 20 отсто од денот на нивното засновање на работниот однос, иако знаел дека тие имале дозвола за одржување на воздухоплов издадена од цивилните власти, но немале важечко овластување за конкретен тип на воздухоплов.

На тој начин, буџетот на МВР е оштетен за 926 486 денари, односно за 15 илјади евра.
„Одделот за внатрешна контрола против Н. А. ќе поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжитеелна мерка за отстранување од работно место, односно суспензија до завршување на дисциплинската постапка“,
велат од МВР.