264 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место
Во текот на изминатата вечер, во периодот од 22:00 до 04:00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е засилена акциска контрола на територијата на цела држава, при што санкционирани се 384 возачи.
Како што соопшти МВР, од нив, 48 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 264 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.