Полицијата вчера на два гранични премини открила 11 фалсификувани ПЦР-теста со кои македонските граѓани сакале да патуваат, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Девет фалсификувани теста биле откриени на граничниот премин „Табановце“, а два на Меѓународниот аеродром „Скопје“.
„Со сите 11 лица бил извршен разговор, при што појасниле дека тестовите ги набавиле од посредници за сума од 1 000 до 2 000 денари“,
велат од МВР.
Оттаму најавуваат дека откако ќе го документираат случајот ќе поднесат кривични пријави за фалсификување исправа и за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.