Од МВР велат дека веднаш по добиената пријава биле преземени соодветни мерки од страна на полициски службеници кои извршиле проверки во внатрешноста, но и околу објектот

Лажна била дојавата за поставена експлозивна направа во трговскиот центар „Сити мол“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Од МВР велат дека веднаш по добиената пријава биле преземени соодветни мерки од страна на полициски службеници кои извршиле проверки во внатрешноста, но и околу објектот. Притоа било утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби.
Претходно од МВР рекоа дека дојавата била стигната на нивната електронска адреса, по што трговскиот центар веднаш бил евакуиран.
