Во текот на изминатото деноноќие Министерството за внатрешни работи констатирало 559 прекршоци за неносење лична заштита на лица.
Оттаму информираат дека за 24 часа издадени се решенија за изолација на 860 лица, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за изолација.
