Во поголем дел од случаите пријавите се за фотографирање на избирачките ливчиња
Претседателот на избирачкиот одбор на избирачкото место бр. 1 884 во струшко Октиси во 14:10 часот пријавил во СВР-Охрид дека К.С. (67) го искинал и го фрлил гласачкото ливче. МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
К.Н., член на избирачки одбор 1 446 во село Мажучиште, во 14:40 часот пријавил во СВР-Битола дека А.С. го сликал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Во 14:50 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи во Тетово го привеле Н.С. (62) од гостиварско Речане поради сомнение за учество во тепачка со друго лице во гостиварско Речане, која се случила во дворот пред Основното училиште „Лирија“, каде штo било сместено избирачкото место 528. Случајот се расчистува.
Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи во Гостивар денеска околу 14 часот и 30 минути го лишиле од слобода 36-годишниот З.А. од Гостивар е осомничен дека на избирачкото место број 423 со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр. 2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13:56 часот сѐ до 14:13 часот, поради тоа што Г.Ш. заменик-член од партија му дал двојни ливчиња на Н.П. од советничка листа на Град Скопје и за градоначалник на Град Скопје. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Во 14:04 часот во Полициско одделение Шуто Оризари Ф.О. пријавила дека во близина на основното училиште „26 Јули“ до обложувачница имало патничко возило „комби“ со залепени плакати од кандидат на политичка партија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Околу 12:45 часот во СВР-Скопје, Т.К,. заменик-претседател на гласачко место 2 781 во основното училиште „Рајко Жинзифов“, пријавил дека Љ.К. влегол во просторијата со цел да гласа, но откако не го пронашле во Избирачкиот список им се обратил на висок тон на членовите на комисијата по што со мобилен телефон го сликал избирачкото место. Против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во СВР-Охрид во 14:12 часот од претставник од избирачки одбор на избирачко место 1283/1 лоцирано на ул. „М. Јорданоски“ во близина на спортска обложувачница е пријавено дека К.С. (35) од Охрид при гласање го сликал избирачкото ливче. Гласањето е прекинато од 14:12 до 14:25 часот. Лицето е приведено во СВР-Охрид и ќе му биде поднесен соодветен поднесок.
Во 13:55 часот, во СВР- Битола Џ.М. пријавил дека пред основно училиште „Добре Јовановски“ во Прилеп П.A и Д.А. го насочувале за кој кандидат да гласа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.