Од Клиниката за неврохирургија во Скопје денеска за МИА изјавија дека двегодишното дете починало како резултат на тешки повреди на мозокот настанати од метален фрагмент
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопштија детали за случајот со починатото двегодишно дете што беше повредено во главата од метален фрагмент за време на новогодишната ноќ.

Оттаму информираат дека на 01.01.2026 година веднаш после полноќ во 00:58 часот е пријавено дека во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во многу тешка состојба и со метален фрагмент во главата е донесено двегодишно дете од Скопје.
Полициски службеници веднаш по пријавата извршиле службен разговор со мајката на детето.
„Мајката Г.Д. (21) изјави дека на 31.12.2025 година пред полноќ излегла со детето пред дворот од куќата во скопска Гази Баба. Гледајќи огномет, слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето“,
се вели во полицискиот извештај за случајот.
Во полициска станица е извршен службен разговор и со таткото на детето М.А. (26).
Утрово во 01:58 часот, како што информираат од полицијата, детето починало, а лекар констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на двегодишното дете е дадено на обдукција. Како што соопштија од МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од Клиниката за неврохирургија во Скопје денеска за МИА изјавија дека двегодишното дете што беше повредено за време на новогодишната ноќ, а потоа хоспитализирано на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, утринава починало како резултат на тешки повреди на мозокот настанати од метално страно тело.
Претходно од Обвинителството посочија дека е издадена наредба за обдукција на телото на починатото дете.
Поврзани вести:
- Двегодишното дете починало од тешки повреди на мозокот настанати од метален фрагмент во главата
- Почина двегодишното дете што беше рането од огнено оружје на новогодишната ноќ – Обвинителството нареди обдукција
- Бурна новогодишна ноќ за дежурните лекари: Примени се повредени и пијани пациенти, двегодишно дете е рането од огнено оружје
