Портпаролот на Министерството, Гоце Андреевски, соопшти дека МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес
Изборите за градоначалник кои денеска се одвиваат во дел од општините се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Портпаролот на Министерството, Гоце Андреевски, соопшти дека МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.
„Досега не се регистрирани инциденти или нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има какво било нарушување на јавниот ред и мир граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на броевите 192 или 112“,
велат од МВР.
Повторени избори за градоначалници денеска се одржуваат во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово-Ростуше.
