Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, претходно на прес-конференција објави дека добиле информации за вршење притисоци во Крива Паланка и за злоупотреби на Единицата за специјални задачи во МВР во Кочани, Охрид и во Битола за поткуп на граѓаните во пресрет на вториот круг од локалните избори
Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите на ВМРО-ДПМНЕ за работењето на полицијата, посочувајќи дека локалните избори се целосно слободни и демократски.
„ВМРО-ДПМНЕ и вечерва, како што беше случај и во претходните неколку денови, продолжува да шири невистини за работењето на полицијата. Пласираат конструкции и лаги за да го нарушат угледот на полицијата. Но, фактите ги демантираат. МВР е гарант за сите слободни избори од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму“,
соопштија од МВР.
МВР како што се наведува во соопштението, апелира ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја в недела, на вториот круг од локалните избори.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, претходно на прес-конференција објави дека добиле информации за вршење притисоци во Крива Паланка и за злоупотреби на Единицата за специјални задачи во МВР во Кочани, Охрид и во Битола за поткуп на граѓаните во пресрет на вториот круг од локалните избори.