Во дом на улицата „Владимир Комаров“ во Скопје полицијата открила дека се изработуваат дозволи за движење при забрана за движење.
Како што соопшти МВР претресот бил направен по наредба од судија на претходна постапка, каде престојувал 22-годишен битолчанец кој признал дека изработил пет лажни дозволи за движење во полициски час, со печат на два правни субјекта за себе и за уште четири лица.
Исто така во станот биле пронајдени и фалсификувани документи за кредити и други предмети.
Полицијата најави дека по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
