Ажурирањето на контакт-податоците возачите може да го направат на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи во зградата на МТВ во Скопје секој работен ден од 8 до 17 часот или во станиците за технички преглед каде што е распореден деташиран референт на МВР
Пред официјалниот почеток на функционирањето на системот „Безбеден град“ на 1 февруари, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните доколку имаат промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата или доколку добиле известување со неточни податоци, истите да ги ажурираат.

Ажурирањето на контакт-податоците возачите може да го направат на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи во зградата на МТВ во Скопје секој работен ден од 8 до 17 часот или во станиците за технички преглед на возилата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
По усвојувањето на измените на Законот за прекршоци минатата недела се отвори патот за официјален старт на системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“, кој треба да почне да функционира од 1 февруари. Системот во моментов и натаму е во тест-фаза, а граѓаните за регистриран прекршок добиваат известување преку СМС-порака и мејл со линк за преземање на записникот.
