Во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава полицијата изрече 585 прекршочни казни за неносење лична заштита на лице, соопшти МВР.
На 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација, додека при контроли од полицијата, не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.
