Во текот на изминатото деноноќие 52 лица на ниво на целата држава не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 39 лица, а за другите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Полицијата регистрирала и 33 прекршители на мерката за носење маска.
За последните 24 часа, на 34 лица им се издадени решенија за изолација, а 16 лица потпишале изјави за самоизолација.
При контрола, не се евидентирани лица што не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, соопшти денеска МВР.
