Во текот на изминатото деноноќие МВР евидентирано дека 39 лица го прекршиле полицискиот час, од нив 30 биле приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат пријави.
Како што соопшти МВР, по однос на мерката за задолжително носење заштитна опрема т.е. заштитни маски, евидентирани се 28 лица што ја прекршиле оваа мерка.
За последните 24 часа на 196 лица им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.
Полицијата вршела и контроли кај лица кои се веќе во изолација и самоизолација, но не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.
