Министерството за внатрешни работи (МВР) во изминатите 24 часа регистрирало 28 прекршоци од граѓаните поради неносење на заштита на лицето.
59 лица, пак, го прекршиле полицискиот час, а од нив 46 биле приведени.
На 96 лица, соопшти МВР, им биле издадени решенија за изолација, а 65 потпишале изјава за самоизолација.
Од оние што веќе се наоѓаат во изолација или самоизолација не е забележано прекршување на мерките.
