Поради компликации од ковид-19, синоќа почина музичарот Васил Ангов.
Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, за „360 Степени“ информира дека пејачот починал во приватна болница во Скопје, каде се лекувал од коронавирусот.
Тој беше вработен во Царинската управа во Гевгелија каде има уште неколку вработени кои се заболени од ковид-19, информира градоначалникот.
Освен Ангов, од ковид-19 во еден ден починаа уште две лица од Гевгелија.
За смртта на музичарот, доцна синоќа на Фејсбук информираше неговиот син.
Ангов остана препознатлив по песната „Премногу ти верував“ која ја отпеа на фестивалот „Макфест“ во 1995 година. Зад себе остави неколку песни како „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“.