Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопштија дека на состанокот е предвидено да се разговара за унапредување на соработката меѓу ЕУ и регионот, со посебен акцент на безбедноста, одбраната, справувањето со хибридните закани и зајакнувањето на демократската отпорност
На покана на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас, шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски денеска во Брисел ќе присуствува на неформалната вечера на Советот за надворешни работи на Европската комисија.

На неформалната вечера ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на земјите членки на Унијата, како и шефовите на дипломатиите на шесте земји од Западен Балкан.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопштија дека на состанокот е предвидено да се разговара за унапредување на соработката меѓу ЕУ и регионот, со посебен акцент на безбедноста, одбраната, справувањето со хибридните закани и зајакнувањето на демократската отпорност.
„Во рамки на посетата на Брисел, министерот ќе има и одвоени средби со европската комесарка за проширување, Марта Кос, како и со Глен Микалиф, европски комесар за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт“,
информираат од МНР.
Денешната неформална вечера на министрите за надворешни работи во Брисел, доаѓа во пресрет на утрешниот Совет за надворешни работи на ЕУ, на кој, според најавите од официјална Атина, ќе биде презентирана грчка иницијатива за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.
