„Дел од темите на кои ќе се разговара ќе бидат и европската интеграција на регионот и актуелните геополитички случувања, водени од заедничкиот интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет на двете земји како непосредни соседи и НАТО-сојузници“, се вели вои соопштението од ресорното министерство
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски утре на пладне во рамите на работната посета на Атина ќе се сретне со неговиот колега, шефот на грчката дипломатија, Јоргос Герапeтритис.
Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во фокусот на разговорите ќе бидат идните активности за зајакнување на односите и соработката меѓу двете земји, а акцент ќе се стави на економската и енергетската соработка, како и инфраструктурното поврзување.

„Дел од темите на кои ќе се разговара ќе бидат и европската интеграција на регионот и актуелните геополитички случувања, водени од заедничкиот интерес за зајакнување на регионалната стабилност и просперитет на двете земји како непосредни соседи и НАТО-сојузници“,
се вели во соопштението од МНР.
По средбата меѓу двајцата министри, во 14 часот е предвидена изјава за медиумите.
Високи дипломатски извори од Грција, како што пренесува дописничката на МИА од Атина, за многу важна ја оценија утрешната средба меѓу двајцата шефови на дипломатиите. Посочија и дека С Македонија е нивен клучен сојузник и важен сосед.
Според нив, Муцунски и Герапетритис имаат развиено исклучително функционални односи и имаат редовна комуникација.
Истите извори додават дека Атина е поддржувач на Скопје, а Грција и во пракса го докажала тоа на ниво на цивилна заштита со пожарите, но и по трагедијата во Кочани.
Муцунски во април оствари средба со неговиот колега Герапетритис на маргините на „Делфи економскиот форум“ во Грција.