На состанокот, на кој присуствувале повеќе од 30 министри за надворешни работи од Европа и светот, се разговарало за координација на меѓународните напори за обезбедување на слободата на навигација и повторно отворање на клучниот поморски коридор, во услови на зголемени безбедносни ризици и нарушувања на глобалните енергетски и трговски текови
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево, на покана на британскиот министер за надворешни работи Ивет Купер, учествувал на виртуелен состанок на кој присуствувале повеќе од 30 министри за надворешни работи од Европа и светот, соопштија од Министерството.

Во кусото соопштение се наведува дека состанокот бил посветен на координација на меѓународните напори за обезбедување на слободата на навигација и повторно отворање на клучниот поморски коридор во Ормускиот Теснец, во услови на зголемени безбедносни ризици и нарушувања на глобалните енергетски и трговски текови.
