Во текот на разговорот, главната советничка за надворешна политика на унгарската владејачка партија Тиса, Анита Орбан, ја истакнала поддршката на новата власт на Унгарија за патот на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со Анита Орбан – главна советничка за надворешна политика на унгарската владејачка партија Тиса, која однесе убедлива победа на парламентарните избори во Унгарија во неделата.

„Ѝ честитав за резултатите од изборите и ѝ посакав успех на новата влада. Повторно ги потврдив нашите силни билатерални врски и заедничката посветеност за понатамошно продлабочување на соработката, со посебен акцент на политичката, економската и трговската соработка“,
информира Муцунски по разговорот со унгарската политичарка.
Во текот на разговорот, шефицата за надворешни работи на Тиса ја истакнала поддршката на новата власт на Унгарија за патот на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија. Соговорниците размениле мислења и за актуелните геополитички состојби во Европа и пошироко.
📞 Spoke with @_OrbanAnita.
— Timco Mucunski (@TimcoMucunski) April 14, 2026
Congratulated her on the election results and wished success to the incoming government. Reaffirmed our strong bilateral ties and shared commitment to further deepen cooperation – politically, economically, and in trade.
Appreciate the incoming…
Муцунски вчера упати честитка до лидерот на победничката партија на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, велејќи дека со нетрпение очекува продолжување на соработката за која рече дека се заснова на меѓусебно почитување, партнерство и заедничка европска иднина.
