„Со вицепремиерот и министер за надворешни работи, шеикот Абдула, потпишавме меморандум за разбирање, за развој, модернизација и за дигитализација на Владата и државната администрација“, објави шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски
Посетата на Обединетите Арапски Емирати потврди дека постои реален потенцијал за засилување на соработката меѓу двете земји во повеќе области – порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски кој деновиве е во официјална посета на ОАЕ заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Посетата, како што порача Муцунски во видеопорака на Фејсбук, се заокружува со нови можности за продлабочување на политичката, економската и на трговската соработка со Обединетите Арапски Емирати.
„Остваривме важна средба со претседателот и владател на оваа земја, шеикот Махемед, а со вицепремиерот и министер за надворешни работи, шеикот Абдула, потпишавме меморандум за разбирање, за развој, модернизација и за дигитализација на Владата и државната администрација. Заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретнавме и со пртседателите на Естонија и Швајцарија, со претставници на меѓународни организации, како и со македонската дијспора во ОАЕ“,
изјави Муцунски.
