На својот фејсбук-профил ѝ посака добредојде на Калас и нагласи дека пред нив е агенда исполнета со повеќе средби на кои очекува конструктивна и отворена дискусија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ја пречека високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас во Скопје.

На својот фејсбук-профил ѝ посака добредојде за Калас и нагласи дека пред нив е агенда исполнета со повеќе средби на кои очекува конструктивна и отворена дискусија.
„Во фокусот на разговорите ќе биде недвосмислената европската перспектива на нашата држава, целосната усогласено со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, потребата од забрзување на процесот на пристапување, како и континуираната посветеност на спроведувањето на реформите“,
вели Муцунски.
Посочи дека во рамки на посетата ќе се одржи и Првиот дијалог за безбедност и одбрана со Европската Унија, во контекст на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во ноември 2024 година.
Тоа, наведе, претставува значаен во продлабочувањето на соработката со Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика.
Калас попладнево ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата, по што ќе следува заедничка прес-конференција во Владата.
Ова е втора посета на Калас на регионот по нејзиното преземање на должноста откако претходно од 7 до 9 април престојуваше во Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.
Пред да допатува во Скопје, Калас ги посети Белград и Приштина.