„Имавме можност да се заблагодариме на директорот на болницата, на докторите и на медицинските сестри што работеле со нашите пациенти“, кажа министерот за надворешни работи од Шведска
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ја посети Универзитетската болница „Каролинска“ во Стокхолм, каде што беа хоспитализирани четворица повредени во пожарот во Кочани.
Оствари средба со раководството на болницата, на која му се пренесени капацитетите, ресурсите и експертизата со кои располага оваа здравствена установа, која годинава е рангирана како петта најдобра болница во светот.

Муцунски изрази благодарност до целиот медицински тим за солидарноста, високото ниво на грижа, стручност и професионалност во лекувањето на македонските пациенти.
„Имавме можност да се заблагодариме на директорот на болницата, на докторите и на медицинските сестри што работеле со нашите пациенти. Оваа посета ја искористивме и да извлечеме искуства и дополнителен мотив за соработка“,
рече тој.
Се разговарало и за можноста за воспоставување институционална соработка помеѓу македонските и шведските здравствени установи, ставајќи акцент на размената на искуства, експертиза и поддршка.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Во трагедијата животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.