Информацијата дека ја презел в.д. директорската функција во „Паркови и зеленило“ ја објави лично Сефери на социјалните мрежи и им заблагодари за поддршката на својата матичното Движење Беса и на коалицијата ВЛЕН
Муамер Сефери е назначен за нов в.д. директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје. Тој е кадар на коалицијата ВЛЕН, од редовите на Движењето Беса на Билал Касами.

Информацијата дека ја преземал в.д. директорската функција во „Паркови и зеленило“ ја објави лично Сефери на социјалните мрежи. Порача дека е убеден оти со чесна работа, ефикасно управување и институционална соработка ќе се постигнат конкретни резултати во унапредувањето на зелените површини и јавните услуги.
„Оваа функција претставува голема доверба и сериозна обврска да работам со посветеност, транспарентност и професионализам во служба на граѓаните и јавниот интерес. Посебна искрена благодарност упатувам до претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, како и до раководството на ВЛЕН за укажаната доверба. Им заблагодарувам и на сите структури и активисти на ВЛЕН за континуираната поддршка и коректната соработка“,
порача Сефери во објавата на социјалните мрежи.
