Според Љубица Јанчева од СДСМ, која претседаваше со досегашниот скопски Совет, денеска само се потврдило дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се едно исто. Таа, исто така, посочува дека в недела има прегласувања кои можат да го сменат распоредот на сили во Советот
Можното мнозинство во Советот на град Скопје, што денес го најавија ВМРО-ДПМНЕ и Левица, според СДСМ, е далеку од завршена работа.
Според Љубица Јанчева од СДСМ, која беше претседавач со досегашниот скопски Совет и е повторно избрана за советничка, денеска само се потврдило дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се едно исто. Таа, исто така, посочува дека в недела има прегласувања кои можат да го сменат распоредот на сили во Советот на главниот град.
Што се однесува до Советот на Град Скопје ништо не е завршено. Битката во Скопје е в недела, по што ќе видиме кој има реално мнозинство. Како што знаете, ќе има прегласување на едно место во Шуто Оризари и во зависност од резултатот може да дојде до нов распоред на советничките места. Дополнително, сите независни листи, реалните гласови на граѓаните не можат да бидат надвор од Советот на град Скопје, СДСМ ќе ги вклучи и нив. В недела е потребно обединување на демократските, прогресивните сили во Скопје, во недела е потребно обединување на гласот за напредок.
изјави Јанчева, откако опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица излегоа со тврдења дека имаат 24 советници кои ќе бидат мнозинство во скопскиот Совет, заедно со Алијанса/Алтернатива.
Да не дозволиме остатоците од режимот здружени со лажните левичари да добијат можност да го уништуваат Скопје, како што тоа го правеа 27 години“,