Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња, информираат од ЦУК
Поради зголемен водостој на Крива Река и на нејзините притоки можно е да дојде до нивно излевање пред вливот во реката Пчиња, а поради зголемен доток можно е да има притисок врз дел од некои мостовски конструкции, предупредуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Забележан е зголемен водостој на реката Пчиња во Пелинце и на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка. Предупредуваме за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред вливот во Пчиња. Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња“,
информираат од ЦУК.
Оттаму предупредуваат за можни локални излевања и во горниот дел од сливот на река Пчиња.