Предупредување дека е можно да се појави поопасна варијанта од делта, испрати шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус од Токио, пред почетокот на седница Меѓународниот олимписки комитет (МОК) каде за два дена треба да почнат Олимписките игри.
„Колку вирусот е пораспространет, толку повеќе варијанти ќе се појават, со потенцијал да станат уште поопасни од делта-сојот, кој прави толку многу штета во моментов. И колку повеќе варијанти има, толку е поголема можноста некои од нив да бидат неранливи на вакцините – и сите ќе се вратиме на почетокот“,
рече Тедрос.
Според него, пандемијата на коронавирусот е тест со кој светот сè уште не се справил.
„Често ме прашуваат: кога ќе заврши пандемијата. Навистина, вирусот и пандемијата нè ставија пред многу прашања. Пандемијата е тест и светот не се справува со тоа“,
рече Гебрејесус.