Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајка што се случила на крстосницата на магистралниот пат Гостивар-Кичево и локалниот пат за селото Зајас.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, несреќата се случила вчера во 15:45 часот помеѓу патничко возило „голф“, со кичевски регистарски ознаки, управуван од Р.Ј. (51) од кичевското село Колари и мотоцикл „гланз“, управуван од А.И. (31) од селото Зајас.
Мотоциклистот А.И. бил префрлен во Општата болница во Кичево, а на местото на незгодата е извршен од страна на полициски екипи.