Освен за Украина, Путин и Трамп разговарале и за Иран и за други прашања во, како што го нарече Кремљ, отворениот и конструктивен телефонски разговор. Во однос на состојбата на Блискиот Исток, Путин ја нагласил потребата од решавање на сите несогласувања исклучиво преку политички и дипломатски средства
Mосква е подготвена да ги продолжи преговорите со Украина, но нема да се откаже од своите првични цели – му рекол рускиот претседател Владимир Путин на претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на нивниот телефонски разговор, шести по ред по враќањето на Трамп на претседателската функција.

Освен за Украина, Путин и Трамп разговарале и за Иран и за други прашања во, како што го нарече Кремљ, отворениот и конструктивен телефонски разговор. Во однос на состојбата на Блискиот Исток, Путин ја нагласил потребата од решавање на сите несогласувања исклучиво преку политички и дипломатски средства.
Двајцата лидери се согласиле руските и американските претставници да одржуваат контакт по ова прашање.
Денешниот телефонски разговор меѓу Трамп и Путин доаѓа откако Пентагон потврди дека е прекината испораката на некои видови на оружје за Украина. Суспендираното оружје за Украина вклучува ракети за воздушна одбрана, прецизна артилерија и друга опрема.