Ова денеска го соопшти Кремљ откако американскиот претседател информира дека неговиот соработник Стив Виткоф се очекува да отпатува во Русија оваа недела
Москва не ја исклучува можноста за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф. Ова денеска го соопшти Кремљ откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно информира дека неговиот соработник Виткоф се очекува да отпатува во Русија оваа недела.

„Не ја исклучуваме можноста за одржување на таков состанок“,
изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на брифингот со медиумите дефинирајќи ги контактите со Виткоф како „важни, значајни и многу корисни“.
Трамп најави дека Виткоф би можел да отпатува во Русија на 6 или 7 август – последните денови пред новиот рок што САД ѝ го поставија на Русија за преземање мерки за ставање крај на војната во Украина. Рокот истекува на 8 август, а во спротивно официјална Москва ќе се соочи со санкции од САД.