Црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ од денеска целосно прекинува да лета, објави Вијести.
Како причина се наведува одлуката на Владата на Црна Гора да не го поддржува повеќе постоењето на оваа авиокомпанија во иднина, што, според проценките на компанијата, негативно ќе влијае на безбедноста на воздушниот сообраќај, ниво на ризик што компанијата не може да го прифати, пренесува Вијести.
„Безбедноста на патниците, екипажот и авионите е приоритет на компанијата од нејзиното основање до денес. Колку што продолжувањето на работата од следните неколку дена може да им помогне на нашите патници да стигнат до нивните дестинации, толку ние сме должни да не отстапуваме од процедурите во авијацијата”,
се вели во изјавата од компанијата.
Од компанијата истакнуваат дека не се точни тврдењата дека не платиле даноци и придонеси за вработените од 2016 година, посочувајќи дека „во 2020 година и платиле на Даночната управа по основ на даноци и придонеси, вкупен износ од 10 813 169 евра“ и дека до септември 2020 година, редовно плаќале на аеродромите во Црна Гора за услугите.
