Според информациите од полицијата, загинатиот претходно имал расправија со таткото на момчето кое го прегазило
Полицајци од СВР Велес денеска попладне лишиле под слобода 25-годишно момче од селото Виничани во Општина Градско бидејќи прегазило соселанец.
Според изјавата на портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, дадена за МИА, 25-годишникот со возило „фиат панда“ прегазило 43-годишен маж кој претходно имал вербална расправија со таткото на момчето.
Прегазениот со иницијали А.Ц. од здобиените повреди починал, а смрт констатирал лекар од Општата болница Велес.
Момчето избегало од местото на настанот, но набрзо било пронајдено и приведено.
Настанот се случил денеска меѓу 15 и 16 часот.
По целосно документирање на случајот, најавуваат од полицијата, ќе биде поднесена и пријава.