Како што пренесува МИА, првичните сознанија од истрагата потврдуваат дека металната ограда не била добро фиксирана, а момчето паднало од петтиот кат на хотелот
Трагичен настан се случил вчера попладне во Тирана, кога 28-годишно момче од Северна Македонија паднало од балкон на хотелот „Рогнер” и починало, јави Топ чанел.
Според истиот извор, како што пренесува МИА, станува збор за гостин во хотелот, кој во моментот кога се потпрел на металната ограда на балконот, таа се откачила и тој паднал.
„Првичните сознанија од истрагата потврдуваат дека металната ограда не била добро фиксирана и како последица на тоа момчето паднало од голема височина, односно од петтиот кат на хотелот. На местото каде што било паднато телото била и металната ограда. Истрагата продолжува“,
се наведува во полициското соопштение.
Момчето веднаш било пренесено во болница, каде им подлегнало на повредите.
Дел од албанските медиуми, како што пренесува МИА, наведуваат дека станува збор за момче од Куманово, кое во Тирана допатувало на неколкудневен одмор од Швајцарија.