Градоначалникот на Кишињев, Јон Чебан, информираше дека поголемиот дел од населбите во градот се без напојување, како и дека на некои места не работат ниту семафорите
Истовремено, и во делови од Украина се воведени вонредни прекини на струјата, а метрото во Киев не е во функција
Молдавија денеска e погодена од ненадејни прекини на електричната енергија поради проблеми на украинската електропреносна мрежа. Поради тоа, главниот град Кишињев и други делови на земјата останаа без струја.

Според молдавското Министерство за енергетика, пречките во украинската мрежа довеле до пад на напонот на една од линиите што ја снабдуваат земјата.
Градоначалникот на Кишињев, Јон Чебан, информираше дека поголемиот дел од населбите во градот се без напојување, како и дека на некои места не работат ниту семафорите.
Истовремено, и во делови од Украина се воведени вонредни прекини на струјата, а метрото во Киев не е во функција.
Хаваријата предизвика и привремен прекин во водоснабдувањето во украинскиот главен град.
Инаку, електропреносната мрежа на Украина со месеци е една од главните цели на руските напади. Поради тоа, изминатите недели се воведени значителни ограничувања во испораката на електрична енергија на потрошувачите.
