Таблоидот „Њујорк пост“ на „Њуз корп“ во четвртокот го прикажа Трамп како „Трампти Дампти“ несигурно качен на ѕидот кој претрпе „голем пад“ во анкетите, обвинувајќи го за неуспехот на Републиканците да ги надминат своите демократски ривали
Се чини дека моќната медиумска империја на конзервативниот милијардер Руперт Мардок му го сврте грбот на Доналд Трамп, нарекувајќи го поранешниот претседател „губитник“ кој покажува „сè полоша проценка“ по среднорочните избори.
Само неколку дена пред Трамп да ја објави својата претседателска кандидатура за 2024 година, „Вол Стрит Журнал“, водечкиот весник на „Њуз Корп Мардок“, во колумна објави дека „Трамп е најголемиот губитник на Републиканската партија“, наведувајќи го разочарувачкиот резултат на партијата на среднорочните избори кои се одржаа во вторникот.
Таблоидот „Њујорк пост“ на „Њуз корп“ во четвртокот го прикажа Трамп како „Трампти Дампти“ несигурно качен на ѕидот кој претрпе „голем пад“ во анкетите, обвинувајќи го за неуспехот на Републиканците да ги надминат своите демократски ривали.

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, кој се смета за главен ривал на Трамп од Републиканската партија за претседателските избори во 2024 година, беше широко пофален од влијателната телевизиска мрежа Фокс њуз.
„Најголемиот победник на среднорочните избори несомнено е гувернерот Рон ДеСантис, чија несомнена победа во државата Флорида е спектакуларна. Најголемиот губитник? Доналд Трамп“,
напиша колумнистката на Фокс, Лиз Пик.
Откако го поддржа за време на неговото претседателствување помеѓу 2017 и 2021 година, Фокс, исто така во сопственост на Мардок, но одвоен од „Њуз корп“, не го напушти целосно Трамп, кој остана најмоќниот актер во Републиканската партија.
Но, дури и најголемата ѕвезда на мрежата, водителот на ток-шоу Такер Карлсон, го нападна републиканскиот естаблишмент за неуспехот на изборите, барем делумно обвинувајќи го поранешниот претседател.
„Многу други велат дека Доналд Трамп е причината поради која републиканците не поминаа добро како што очекуваа. Тоа е покомплицирано прашање“,
рече Карлсон доцна во средата, додавајќи дека Трамп отсекогаш бил и добар и лош политички.
Медиумите на Мардок се едни од највлијателните извори на информации за американските конзервативци, кои бесрамно ги поддржуваат републиканците и ги напаѓаат демократите.
Така, обвинувањата на Трамп за изборното разочарување, и истовремено фалбите за ДеСантис, може да го обликуваат јавното мислење во очи претседателските избори кои треба да се одржат во 2024 година.
Се очекува Трамп да ја објави својата кандидатура следната недела, додека ДеСантис, кој прво требаше да биде реизбран за гувернер на Флорида, само навести дека можеби ќе влезе во трката за Белата куќа.
Републиканците всушност остварија значителни придобивки во Претставничкиот дом на САД и се очекува да ја одземат контролата врз телото од демократите кога ќе завршат трките во сите сојузно држави.
Но, партијата очекуваше да им зададе посилен удар на демократите и лесно да ги освои и Претставничкиот дом и Сенатот, што е сè уште неизвесно, како и гувернерите во некои клучни сојузни држави.
Наместо тоа, голем број кандидати кои се усогласија со Трамп или беа јавно поддржани од Трамп не успеаја да обезбедат победи.
„Републиканските кандидати на Трамп не успеаја на изборите во државите кои несомнено можеа да се добијат“,
пишува „Волстрит журнал“.
ДеСантис, од друга страна, не бараше поддршка од Трамп за неговата трка на изборите, а сепак извојува убедлива победа и беше реизбран. На насловната страница на првиот број по изборите, „Њујорк пост“ го прослави ДеСантис менувајќи го неговото презиме во „DeFUTURE“ (иднина).
Во меѓувреме, „Њујорк пост“ му порача на Трамп:
„Судбината на вашите кандидати изгледа мрачна поради вашата полоша проценка, која расте паралелно со вашиот очај“.
Трамп очигледно вчера ги вкрсти патиштата со империјата Мардок.
„И покрај тоа што избрав толку многу победници, морам да трпам лажни вести“,
напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social што ја основаше, истакнувајќи дека Фокс њуз е завршена приказна за него.