Со надградбата на софтверот, потенцираат од УЈП, ќе се овозможи напреден начин на скенирање што ќе значи еднакви можности за сите граѓани без разлика на мобилниот телефон што го поседуваат
До крајот на неделава се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата МојДДВ по што од Управата за јавни приходи велат дека ќе ги информираат граѓаните кога повторно ќе можат да го користат напредниот начин на скенирање.
Во моментов, како што е познато од претходно, скенирањето на сметки е можно само преку основниот начин кој корисниците на апликацијата може да го пронајдат во делот „профил“, а потоа во прозорчето „тип на баркод скенер“.
„Тимот на УЈП, целосно е ангажиран, со цел во најкраток рок да се заврши овој процес на прилагодување на апликацијата. Вчера и денеска, беа направени дополнителни прилагодувања, очекуваме, веќе до крајот на неделата да се заврши процесот, по што ќе ги информираме корисниците од кога повторно ќе можат да користат напреден начин на скенирање. Благодариме на разбирањето за процесот на прилагодување и додека времено се користи овој основен начин на скенирање, кој е базиран на можностите на телефонот и не е доволен за сите граѓани да можат брзо и ефикасно да ги скенираат баркодовите од фискалните сметки“,
велат во УЈП.
Со надградбата на софтверот потенцираат од Управата, ќе се овозможи напреден начин на скенирање што ќе значи еднакви можности за сите граѓани без разлика на мобилниот телефон што го поседуваат.
„Поради прилагодувањето на апликацијата на новиот технолошки развој, на понапредниот начин на скенирање, во моментов е возможно да се користи единствено баркод читачот кој го овозможува телефонот“,
објаснуваат од УЈП.