Во своето прво обраќање до нацијата по прекинот на огнот меѓу Индија и Пакистан, кој почна минатата недела, индискиот премиер рече дека го следи секој чекор на Пакистан
Индискиот премиер Нерендра Моди изјави дека Индија само ја паузилара својата воена акција против Пакистан и дека ќе се одмазди според свои услови доколку на каков било начин биде нападната.

Во своето прво обраќање до нацијата по прекинот на огнот меѓу Индија и Пакистан, кој почна минатата недела, индискиот премиер рече дека го следи секој чекор на Пакистан.
„Ќе го следиме секој чекор на Пакистан. Ова не е ера на војна ниту ера на тероризам“,
рече Моди.
Индискиот премиер порача дека неговата влада нема да прави разлика помеѓу владите што го поддржуваат тероризмот и терористичките групи, и додаде дека Индија ќе се одмазди според свои услови доколку во иднина земјата на каков било начин биде цел на терористички напад.
„Пакистан избра да ја нападне Индија наместо да се бори против тероризмот“,
изјави Моди тврдејќи дека неговата земја нема да толерира нуклеарна уцена.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан во саботата, четири дена по интензивна огнена стрелба, дипломатија и притисок од Вашингтон.