Хамнеи, преку соопштението објавено од агенцијата Тансим, истакна дека убиството на личност од таков ранг само ја потврдува нејзината голема важност за државата
Новиот ирански врховен водач Моџтаба Хамнеи, во писмена порака објавена за време на погребната церемонија на шефот на безбедносните служби Али Лариџани во Техеран, упати остра закана дека неговите убијци ќе ја платат цената.

Хамнеи, преку соопштението објавено од агенцијата Тансим, истакна дека убиството на личност од таков ранг само ја потврдува нејзината голема важност за државата.
„Секоја пролеана крв има своја цена и злосторничките убијци на сите овие маченици набрзо ќе мора да ја платат таа цена“,
порача новиот духовен водач алудирајќи и на другите високи функционери елиминирани во израелско-американските напади.
Покрај Лариџани, кој раководеше со Врховниот совет за национална безбедност, во изминатите денови беа убиени и командантот на милицијата „Басиџ“, Голамреза Солејмани, како и министерот за разузнавање Есмаил Хатиб.
Моџтаба Хамнеи го презеде водството по смртта на неговиот татко Али Хаменеи, кој беше убиен уште на првиот ден од воената операција против Иран. Оттогаш Моџтаба не е виден во јавноста, а неговите изјави се пренесуваат исклучиво преку националната телевизија или официјалните агенции.
Израелски и американски извори шпекулираат дека тој бил тешко ранет кога загинал неговиот татко, што го објаснува неговото отсуство од јавните настапи и погребните церемонии.
