Производството на вакцини против ковид-19 на „Модерна“ веројатно нема да се забрза значително во следните неколку месеци, изјави извршниот директор на американската фармацевтска компанија. Тој додаде дека производството се очекува драстично да се зголеми во 2022 година.
„Потребно е време да се постигне голем нов производствен капацитет“,
изјави извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел, за време на разговорите со инвеститорите.
Бансел истакна дека „Модерна“ е сѐ уште на пат да произведе и глобално да пласира меѓу 20 милиони и една милијарда дози од својата вакцина во текот на 2021 година.
Одговорот следува откако владата на САД побара од „Модерна“ да го забрза производството и испораката на вакцини, бидејќи времено ги суспендираше вакцините на „Џонсон и Џонсон“, затоа што шест жени по вакцинацијата развиле ретки згрутчувања на крвта.
