Црногорските институции го известиле МНР дека на момчето му е констатирана смрт во туристичкото место Утјеха. Црногорските медиуми претходно известија дека тоа се удавило
Министерството за надворешни работи (МНР) ја потврди веста објавена во црногорските медиуми дека 22-годишно момче од Северна Македонија починало во Црна Гора.
„Министерството за надворешни работи доби известување од надлежните институции на Црна Гора дека наш државјанин (Е.Х. роден 2000 година во Тетово) му е констатирана смрт во туристичкото место Утјеха“,
велат од МНР.
Во тек е обдукција со цел целосно расчистување на случајот од надлежните црногорски институции.
Црногорските медиуми претходно информираа дека момчето се удавило на плажа во Црна Гора каде пристигнало вчера за да работи таму во текот на сезоната.
