„Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до Дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт и 12 лица од Бахреин“, информираат од МНР
Од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток досега, вкупно 473 македонски државјани ги контактирале дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби и побарале евакуација, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

„Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до Дипломатско-конзуларното претставништво во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт и 12 лица од Бахреин“,
соопштија од Министерството за надворешни работи.
Оттаму велат дека сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати. Се разгледуваат можностите за нивно безбедно извлекување од овие земји, а евакуацијата ќе започне веднаш штом ќе се создадат соодветни услови во првата безбедна пригода.
„Во однос на македонските државјани кои се наоѓаат во Тел Авив, Министерството активно ги разгледува можните алтернативи за нивно безбедно извлекување од државата“,
велат од МНР.
На 24-часовно располагање за граѓаните остануваат дежурните телефонски броеви на кризниот штаб при МНР, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва.
