Сите се во добра здравствена состојба и се хоспитализирани во софиската болница „Пирогов“

Министерството за надворешни работи (МНР) доби официјална потврда од надлежните институции на Бугарија за седум повредени патници во автобуската несреќа на автопатот „Струма“, близу Софија.
МНР го објави јавно списокот на повредените патници, кои, како што наведуваат оттаму, се наоѓаат во добра здравствена состојба и во моментов се хоспитализирани во софиската државна болница „Пирогов“:
- Ебип Пајазитовски (24.09.1972), државјанин на Северна Македонија;
- Ѓула Јашаровска (16.06.1972), државјанин на Северна Македонија;
- Зулејха Јашаровска (12.05.2005), државјанин на Северна Македонија;
- Минир Јашаровски (06.01.1971), државјанин на Северна Македонија;
- Медина Љутвиј (21.05.1996), државјанин на Северна Македонија;
- Љуљзим Сулејмани (04.05.1995), државјанин на Србија;
- Орхан Алити (12.04.1976), државјанин на Белгија.
Според официјалното соопштение на Јавното обвинителство, пак, според првичните информации, во несреќата загинаа 46 лица.