МНР апелира сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба

Министерството за надворешни работи објави СОС-телефонски броеви за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел или Иран.
Оттаму велат дека поради влошената безбедноста состојба на Блискиот Исток, сите на кои им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции.
За помош и асистенција, граѓаните можат да се обратат на следните контакти:
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546
Е-пошта: [email protected]
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: [email protected]
Воедно, Министерството апелира до сите државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до подобрување на безбедносната состојба.
Претходно МНР информира дека е формиран кризен штаб кој континуирано ја следи состојбата и е достапен 24 часа дневно за сите потреби поврзани со помош, поддршка и асистенција.