Министерството за надворешни работи апелира до сите државјани на Република Северна Македонија да се воздржат од патување во Исламската Република Иран, поради масовните и насилни протести во различни делови од земјата, а особено во Техеран.
„Воедно, доколку наши граѓани во моментот се наоѓаат на територијата на Иран, Министерството за надворешни работи ги повикува да останат на безбедни локации, да избегнуваат јавни собири и доколку немаат суштинска причина, да ја напуштат земјата“
се наведува во соопштението од МНР.
Од МНР информираат сите наши граѓани, кои се наоѓаат во или надвор од државата, да ги следат само официјалните канали на Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и на Амбасадата на Северна Македонија во Софија, како надлежно дипломатско-конзуларно претставништво за Иран.