„По изјаснување на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ наредната недела ќе оствари работна средба со претставниците на Владата на која ќе бидат договорени опфатот и теркот на колективниот договор“, велат од Синдикатот на УПОЗ
Големо мнозинство од синдикалните организации при Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) се изјасниле дека за нив е прифатлив договорот со Владата за зголемување на платите за 40 проценти во период од 26 месеци.

Предлогот на Владата, како што велат, е прифатлив за 95 отсто од синдикалните организации при УПОЗ.
„По изјаснување на сите синдикални организации, Синдикатот на УПОЗ наредната недела ќе оствари работна средба со претставниците на Владата на која ќе бидат договорени опфатот и теркот на колективниот договор“,
велат од УПОЗ.
Владата и Синдикатот на УПОЗ вчера постигнаа начелен договор за исплата на додатоци на платите и покачување на платите по осум отсто во секоја од наредните три години. По средбата со премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, рече дека е направен чекор напред.
