Европскиот парламент и Советот на ЕУ ќе расправаат за нови предлози и ќе одлучуваат за конечната форма на пакетот во текот на претстојните преговори
Мнозинството европратеници, на денешната пленарна сесија, ги поздравија предлозите на Европската комисија за планот за закрепнување. Според нив, „иднината на ЕУ е во прашање“, јави МИА.
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, дебатираше за стимулативниот пакет од 750 милијарди евра, кој ќе биде вклучен во ревидираниот долгорочен буџет на ЕУ. Лидерите на политичките групи го поддржаа овој амбициозен план.
Комисијата, исто така, ја претстави својата изменета програма за работа за 2020 година, со која ќе се даде приоритет на активностите потребни за закрепнување и отпорност на Европа.
Манфред Вебер (ЕНП, Германија) оцени дека европската солидарност се врати и дека се отвора ново поглавје за ЕУ .
„Овие свежи пари треба да бидат потрошени на нови идеи, а не на минатите проблеми во Европа. Солидарноста оди заедно со одговорноста, па затоа е неопходно јасно да се знае како ќе се вратат парите“,
додаде тој, повикувајќи на нови сопствени ресурси на ЕУ и дигиталните гиганти да земат учество во тоа.
Ираткс Гарсија Перез (СиД, Шпанија) и се заблагодари на Урсула фон дер Лајен за нејзиниот амбициозен предлог и за тоа што му ја дава на парламентот „улогата што ја заслужува“ во изработката на планот за закрепнување. Според претседателот на групата на социјалсистите, во прашање е опстанокот на европскиот проект. Тој го повика Советот да го усвои новиот долгорочен финансиски пакет со квалификувано мнозинство за да се избегне ЕУ да биде заложник на четири држави членки кои претпочитаат национален одговор на европски одговор.
„Ова е досега невиден историски момент за пресврт на Европа и долгорочниот финансиски пакет и планот за обновување мора да се фокусираат на иднината, земајќи ги како основа Зелениот пакт и дигиталната агенда“,
рече Дачијан Чилош (Ренесанса на Европа, Романија).
Јарг Мејтен (Незаписани, Германија) го отфрли предлогот на Комисијата, нарекувајќи го „целосно лош и апсурден“, без вистинска правна основа и за кој нема одговорност и економска смисла. Комисијата сака да потроши пари „како да нема утре“, по што тој заклучи дека „ова е тешка цена за плаќање на европските даночни обврзници“.
„Не смееме да ги повторуваме големите грешки на минатото и да ги заложиме земјите на штедење и слепи идеологии на пазарот. Напротив, треба да се осигураме дека парите се добро вложени во проекти што ќе помогнат долгорочно, ќе создадат работни места и ќе ја спасат нашата планета“,
рече Ска Келер (Зелените / АЛЕ, Германија ).
Европскиот парламент и Советот на ЕУ ќе расправаат за нови предлози и ќе одлучуваат за конечната форма на пакетот во текот на претстојните преговори.