Поради влошена здравствена состојба, бремена жена на 23 годишна возраст вчера била донесена во Гинекологија „Чаир“ и кратко потоа починала, информираше полицијата. Таа била во осмиот месец од бременоста, а лекарите успеале да го спасат бебето.
„Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 07:00 часот во Гинекологија „Чаир“ so влошена здравствена состојба била донесена Н. М. (23) од Скопје, бремена во осми месец. Според пријавеното, кратко потоа таа починала во Одделението за интензивна нега, но било извршено породување и било извадено живо женско дете. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
соопшти полицијата.