Официјална Атина претходно упати и протестна нота до руската амбасада до Грција, а за утре го повика и рускиот амбасадор во грчкото МНР
Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, објави дека десет цивили со грчко потекло денеска се убиени во руските бомбардирања во Украина.
„Десет невини цивили од грчко потекло денеска се убиени од руските воздушни напади во близина на Мариупол. Запрете го бомбардирањето сега!“,
напиша Мицотакис на Твитер.
10 innocent civilians of Greek origin killed today by Russian air strikes close to Mariupol. Stop the bombing now!
— Prime Minister GR (@PrimeministerGR) February 26, 2022
Претходно во текот на денот грчкото Министерство за одбрана соопшти дека двајца грчки иселеници биле убиени, а шестмина повредени, меѓу кои и едно дете во селото Сартана во Украина.
Официјална Атина упати и протестна нота до руската амбасада до Грција, а за утре го повика и рускиот амбасадор во Министерството за надворешни работи (МНР).